(Видео) Тодоровска: Студентите да се пријават за мерката ваучер за превоз

Видео-Тодоровска-Студентите-да-се-пријават-за-мерката-ваучер-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во тек е пријавувањето за финансиската поддршка за превоз на студентите која владата предводена од СДСМ ја обезбеди со новиот пакет антикризни мерки. Со мерката 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно, истакна Антонија Тодоровска од СДММ.


„Им помагаме и го унапредуваме стандардот на студентите од семејства со месечни примања до 50.000 денари“, рече таа.

Рокот за аплицирањето е продолжен и трае до понеделник, 25 декември.

Ги повика студентите да се пријават само преку електронскиот портал на министерството за образование.

„Студентите е потребно да прикачат само неколку документи како доказ дека се студенти, трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Може да биде фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб-страницата на превозникот.

До 10.800 денари добиваат учениците од средно до крајот на школската година, и до 7.200 денари по ученик добиваат учениците од основно“, кажа Тодоровска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK