Утре се очекува објавувањето на последниот ИПАРД 2 повик, земјава подготвена за старт на ИПАРД 3

traktor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на средба со новинари, ќе го презентира последниот повик од ИПАРД 2 Програмата, што треба да биде објавен утре, 4 август.

Николовски, како што најави неговиот Кабинет, ќе се осврне и на подготвеноста за старт на ИПАРД 3 програмата.


Според министерот, земјава веќе очекува Брисел да ја испрати финансиската спогодба за ИПАРД 3 во која ќе биде точно наведен буџетот по години и мерки. Веднаш потоа ќе биде објавен и првиот јавен повик со што и официјално Северна Македонија прва во регионот ќе почне со реализиација на новиот програмски период од ИПАРД 3.

Согласно проекциите, ИПАРД 3 ќе биде за 62 отсто финансиски „потешка“ од ИПАРД 2.

-Во петокот од Брисел добивме официјално одобрување (акредитација) да продолжиме понатаму со четирите мерки во рамки на ИПАРД 3, кои претходно ги реализиравме во ИПАРД 2 програмата, без тешки административни процедури. Ова е уште една потврда дека без разлика на истрагите кои ги води ОЛАФ, Северна Македонија доби одобрување од Брисел да продолжи понатаму со истото темпо. Останува уште Брисел да ни ја испрати финансиската спогодба во која ќе биде точно наведен буџетот по години и мерки, која треба да ја потпише вицепремиерот Бојан Маричиќ и веднаш потоа ќе го објавиме првиот јавен повик за ИПАРД 3 програмата, со што и официјално први во регионот започнуваме со реализиација на новиот програмски период од ИПАРД 3, изјави завчера Николовски.

На денешната средба со новинарите ќе присуствува и директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK