Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

nlb_corporate flag
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НЛБ Банка бележи успешни деловни перформанси во првото полугодие од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката. Работејќи согласно усвоената Деловна политика за 2024 година, во првите шест месеци, НЛБ Банка обезбеди кредитна поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во економијата на државата, како и поддршка на заедницата преку бројни општествено одговорни проекти и одржливо работење. 







Во периодот од 01.01.2024 до 30.06.2024 година, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 1.641 милиони МКД, што претставува зголемување за 13,1% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, а што пак е резултат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, како и зголемен број на корисници на платните и платежни сервиси на Банката.

Банката бележи зголемување и кај кредитите кај небанкарскиот сектор од 5.5% и зголемување на вкупните депозити од 3.2%, споредено со истиот период претходната година.

Во наведениот период, НЛБ Банка успешно работеше и на полето на општествената одговорност со реализација на бројни донации и спонзорства во првите шест месеци од годината, меѓу кои позначајни се: донација за Асоцијацијата за цистична фиброза чиј патрон е Банката; реновирање на читална во Националната универзитетска библиотека во соработка со Кроација Живот; поддршка на нашиот тим на Светското првенство во роботика; поддршка на младински, професионален, но и пара спорт во соработка со Специјалната олимпијада, како и на значајни проекти од областа на културата, музиката и традицијата како: Охридско лето, Галичка свадба, концертната сезона на Авалон и низа други.

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да делува во насока на поддршка и развој во земјата, давајќи придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат дигитализацијата, технолошките иновации и примената на вештачката интелигенција. Воедно и подобрено клиентско искуство и унапредена поддршка на клиентите преку зајакнување на улогата на контакт-центарот, развој на информативниот систем, проширување на палетата на производи и услуги и зголемување на квалитетот на услугите, грижата за човечките ресурси на Банката како главен столб на квалитетното работење и силната посветеност кон заштита на животната средина и социјалните аспекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK