Управата за јавни приходи со повик до даночните обврзници навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период

ujp5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период.


Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти ноември 2024 година (понеделник).

Досега, како што е наведено во соопштението, поднесени се само 615 ДДВ пријави од очекуваните 7.399, што претставува само 8,31% од вкупниот број на даночни обврзници. Ова, според УЈП, покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат казни и дополнителни финансиски трошоци.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK