УЈП: Трговците имаат обврска да ги прикажат во фискалните сметки попустите за „црниот петок“

Crn-PETOK.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на најавениот Црн петок викенд (Black Friday), Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги, истите да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.


Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО) , задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка.

Потрошувачите на добрата, односно корисниците на услуги при купување должни се да побараат фискална сметка и истата да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот на доброто, заради контрола.

Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки.

Ова може да го направат преку електронската пошта [email protected] или на телефонските броеви: од фиксна линија: 0800 33 000; oд мобилен телефон: 02 3253 200 или да пријават неправилности на 198.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK