Трипуновски на теренска посета во Тиквешијата, досега се откупени 30 милиони килограми винско грозје

IMG_4003.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Државниот земјоделски инспекторат Васе Анакиев заедно со Министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трупуновски оствари теренска посета на производителите на грозје и откупните пунктови во Тиквешијата.


„Саботно на терен помеѓу земјоделците да провериме како тече бербата и откупот на винското грозје. Лозарите се задоволни со актуелните откупни цени и за нашиот ангажман при донесувањето на одлуката за официјалните откупни цени. Секогаш работиме во интерес на македонските земјоделци, тие се нашиот приоритет“, изјави Трипуновски.

При посетата директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев истакна и дека инспекторите будно остануваат на терен да го следат откупот на грозјето и најави засилени контроли до самиот крај на откупот. Откупот на винското грозје тече со нормален тек, запазени се препорачаните откупни цени и нема забалешки во одност на откупот, рече Анакиев.

„Согласно податоците на Земјоделскиот инспекторат се откупени околу 30 милиони килограми. Сметаме дека наредниве десетина дена можеби ќе заврши најголем дел од бербата кај лозарите, со тоа што практично она што го договоривме пред почетокот на бербата гледаме дека се почитува. Важно ни е да имаме задоволни лозари за да и во иднина опстане оваа гранка, но и да се подобри и модернизира со што ќе го одржиме епитетот – Македонија земја на квалитетното вино“ констатираа директорот Анакиев и министерот Трипуновски во рамки на денешната посета на Тиквешијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK