Три децении Вива – одбележани со настан за паметење

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 18 октомври 2024 – Вива, водечкиот македонски производител на природни овошни сокови, го прослави својот 30-годишен јубилеј со настан на кој присуствуваа претставници на бизнис заедницата, партнери, соработници и лојални потрошувачи, славејќи ја приказната на брендот, кој од семеен бизнис прерасна во глобален амбасадор на македонскиот квалитет.

Во текот на вечерта, присутните имаа можност да се осврнат на триесетгодишното патување на Вива. Од скромни почетоци во 1994 година, компанијата успеа да се етаблира како лидер за производство на овошни сокови на домашниот пазар и еден од водечките производители во регионот. Вива денес извезува во над 30 земји и има креирано преку 90 различни производи во своето портфолио.



Јубилејната прослава беше збогатена со настап на познатиот хрватски пејач Петар Грашо, кој со својот репертоар придонесе за добра забава на присутните. Покрај забавната програма, настанот истовремено претставуваше и можност за зајакнување на односите помеѓу деловните партнери и зацврстување на корпоративната соработка.

На настанот сопствениците на Вива искажаа длабока благодарност до сите партнери, соработници, верни потрошувачи и вработени на компанијата, кои се дел од успешната приказна на овој бренд.

Во исто време, беа истакнати и клучните достигнувања на компанијата, како и нејзината ориентираност кон преработка на свежо овошје и зеленчук, со посебен акцент на иновации и одржливи деловни практики.

Вива во наредните декади ќе продолжи со својата визија да иновира, да создава нови производи и да освојува нови пазари, со цел да остане лидер во Македонија и да прерасне во глобален бренд. На тој начин, компанијата ќе продолжи да претставува пример за македонските компании и да докажува дека квалитетот на македонските производи по ништо не се разликува од големите светски брендови. Настанот беше одличен начин за одбележување на три децении труд, пасија и посветеност, а Вива со нетрпение го очекува продолжувањето на своето патување во годините кои следат.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK