На 11 декември 2024 година, Скопје ќе стане сцена за најпрестижниот настан во регионот – „The Economist MeetUp – The World Ahead 2025,“ конференцијата која на едно место ќе ги собере најистакнатите визионери, лидери и иноватори кои ќе споделат искуства, видувања и предвидувања за тоа како ќе изгледа светот во 2025.
Организиран од Represent Communications Macedonia и Color Media Plus, како дел од франшизата на британскиот магазин The Economist, овој настан е настан за кој се зборува цела година – не само поради неговата репутација, туку и поради визијата што ја поставува.
Каде се создава иднината
Во свет во кој промените се случуваат со незапирливо темпо, „The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“ ќе биде платформа за истражување на најважните прашања кои ја обликуваат глобалната економија и општество. Програмата на настанот ќе ги опфати следниве динамични панели:
- Дигитално банкарство и Fintech индустрија
- Бизнис, закон и заедница: Влијанието на големите компании врз општествениот и економскиот раст
- Иновации во финансискиот сектор: Нови технологии и инвестициски трендови
- Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници
Овие панели ќе бидат многу повеќе од обични дискусии – тие ќе бидат визионерски разговори кои инспирираат акција.
Меѓу ексклузивните говорници на настанот се:
- Раде Ракочевиќ, основач на Senzal Capital, со три децении искуство на инвестициските пазари и уникатен пристап кон финансиската писменост.
- Небојша Матиќ, извршен директор на MikroElektronika, визионер кој од гаража создаде глобален успех со клиенти како NASA и Boeing, поставувајќи нови стандарди со четиридневната работна недела.
На сцената ќе им се придружат и лидери, експерти во својата индустрија од најетаблираните компании во Македонија – Пивара Скопје, Адора, Касис, Еос Матрикс, Дајнерс Македонија, Евротруст, Адвокатско друштво Пепељуговски, Бучим-Боров Дол, Иуте, Капитал Банка како и истакнати консултанти од државата и пошироко.
Повеќе од конференција – искуство што ја обликува иднината
„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“ е единствена можност за учесниците да стекнат увид во клучните трендови што ја дефинираат глобалната економија, да ги надградат своите знаења и да ги прошират своите деловни хоризонти преку ексклузивни можности за вмрежување со највлијателните лидери во регионот и пошироко.
Ова не е обичен настан – ова е центар за идеи што креираат промени .
За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница:
www.economistmeetup.com.mk