Технолошкиот напредок и вештачката интелигенција: Дали ќе нѐ заменат во блиска иднина тема на поткастот на ЦИКП

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Каде води вештачката интелигенција и технолошкиот напредок, што и како може да очекуваме во иднина е темата на поткастот на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП). Дали бизнисот ќе се издвои по тоа колку добро ги користи ВИ алатките и колку се потпира на оваа технологија.

Во поткастот Кристијан Трајковски разговара со Стивен Езел, потпретседател за глобална иновациска политика во Фондацијата за информатичка технологија и иновации (ITIF) и директор на Центарот за иновации во животни науки на ITIF од САД.  Езел, објаснува кои се најзначајните технолошки унапредувања што може да ги очекуваме, во која насока вештачката интелигенција ќе се развива за 10 години како и за тоа како ќе влијае врз општеството, околината, економијата и воопшто животот на човекот.



„Влијанието на овие технологии врз општеството и економијата ќе биде огромно, така што според последните истражувања, целосната апликација на ВИ ќе придонесе за 15,7 трилиони долари раст на глобалната економија до 2030 година“, вели Стивен Езел. Дополнително, Езел изјави дека ВИ нема да ги замени целосно работните места или работниците, туку ќе ги промени нивните задачи.

Повеќе за ова во поткастот на ЦИКП достапен н линкот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK