ТАВ АЕРОДРОМИ: Авионското карго на скопскиот аеродром со пораст од над 40% од јануари до август

Kargo_Centar_TAV_ (4)
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, со 41.9% пораст во авионскиот карго-транспорт, за првите 8 месеци од 2024 од Меѓународниот Аеродром Скопје, споредено со истиот период во 2023 година

 Над 40% пораснал вкупниот авионски карго-транспорт на Меѓународниот Аеродром Скопје во изминатите осум месеци, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми.  



 Во периодот од јануари до август годинава, Карго-центарот кој работи во рамки на Меѓународниот Аеродром Скопје сработел 41.9% повеќе карго-пратки за воздушен транспорт.  

 Импресивниот раст, или превезените 3.062.736 тони карго преку авионски транспорт и камионски услуги од јануари до август 2024 година, ја истакнува зголемената улога на Карго центарот при Меѓународниот Аеродром Скопје во локалната, регионалната и глобалната логистика, како и неговата стратешка важност во меѓународниот синџир на снабдување.

  „Овој неверојатен пораст од 41.9% на вкупното авионско карго заклучно со август 2024 година ја покажува издржливоста и приспособливоста на ТАВ Македонија и на Меѓународниот Аеродром Скопје. Нашите услуги за извоз на карго товар што се достапни 24/7 и посветеноста на нашиот тим, во комбинација со нашите тековни подобрувања во ресурсите и капацитетите, нѐ позиционираа како витален регионален центар за карго-операции. Со гордост истакнуваме дека имаме зголемување на бројките, односно 91,5% на извезеното карго и 18,7% на увезеното карго, во периодот јануари-август 2024 година споредено со истиот период во 2023 година. Остануваме посветени на поддршката на нашите партнери, негувајќи ја нашата долгорочна одлична соработка со Царинската управа, компаниите и авиокомпаниите, со што придонесуваме за локалната економија преку олеснување на континуираниот пораст на овој сектор.“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

 Зголемувањето на обемот на авионскиот карго-транспорт ја одразува значајната побарувачка во секторот и континуираните инвестиции на аеродромскиот оператор во инфраструктура и услуги.

 Имено, откако ТАВ Аеродроми, преку својата подружница ТАВ Македонија, го презеде работењето и управувањето со македонските аеродроми во 2010 година, беше реализирана голема инвестиција во модерни капацитети на карго-центарот, а со тоа и капацитетите за ракување со карго значително се зголемија.

 Покрај модерниот карго-магацин, просторите за складирање и складишните комори за различни видови специјално карго, хемикалии, опасни материи и слично, Карго центарот на ТАВ Македонија исто така обезбедува и овозможува и дополнителни поволности и предности за корисниците на карго услугите.

 Предностите што ги нуди Карго центарот при Меѓународниот Аеродром Скопје се следниве: ефикасно ракување со товарни авиони на товарната платформа; специјална опрема за ракување со товарни авиони и камиони; лесен пристап за камиони неопходен за комбиниран транспорт за редовната услуга за прифаќање и испраќање карго во патен сообраќај со RFS (Road Feeder Service) и редовните испораки со камиони; царинско застапување; како и царински испостави и карго агенти (шпедитери), а сето тоа за подобри и поефикасни операции и комуникации.

 Авионското карго постојано е во пораст и ги следи трендовите во развојот на домашната економија, како и зголемените деловни активности во клучните индустрии. Зголемената побарувачка за превоз на стоки со авионско карго од страна на компаниите ги докажува континуираните напори на нашиот искусен тим во однос на презентирање на капацитетите и услугите на карго центарот. Нашите услуги ги објаснуваме и презентираме на редовните состаноци и средби што ги имаме во рамките на стопанските комори во земјата, на меѓународните саеми за транспорт и логистика и преку други видови промотивни активности. Преку сето ова дополнително се зголемува интересот и побарувачката за карго услугите од страна на компаниите, во однос на патниот карго транспорт.“, објаснува генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

 Меѓународниот Аеродром Скопје преку својот Карго-центар и персоналот за карго услуги се посветени кон одржување високи стандарди и квалитет на услугите и ефикасноста со цел приспособување кон зголемената побарувачка за авионски карго превоз.

 ТАВ Македонија, во однос на авионскиот карго транспорт преку Карго центарот на Меѓународниот Аеродром Скопје, го заврши периодот јануари – август 2024 година со вкупно 3.062.736 тони превезен авионски карго товар, што споредено со бројките од 2023 година за истиот период, претставува 41,9% пораст, односно 18,7% пораст на увозно и 91,5% пораст на извозно карго.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK