ССКМ потпиша меморандум за соработка со Meѓународниот центар за трговија

ССКМ потпиша меморандум за соработка со Meѓународниот центар за трговија
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германска енергија: Opel Experimental отелотворува три столба на брендот
Смел и елегантен: отвара следно поглавје на дизајнерската фолозофија на Opel, со 4D Opel Vizor.
Обоен со светлина: електрохромните ткаенини им овозможуваат на патниците светла амосфера во кабината.


Opel со својот неверојатен нов Opel Experimental концепт автомобил, го прикажува својот пристап кон иднината. Со ултра модерен надворешен дизајн, Opel Experimental дава јасна визија за насоката во која ќе движи брендот Opel во наредните години. Како карактеристики кои е значајно да се истакнат се аеро-ефикасност, пространа и осветлена внатрешност во која ќе има ултра конфорни седишта и напреден дисплеј од најновата генерација. Електричниот кросовер ќе ја доживее својата светска премиера на овогодинешниот IAA Mobility саем во Минхен (од 5 до 10 септември 2023 година), каде што сигурно ќе го привлече вниманието и ќе донесе нова публика кои ја поддржуваат визијата на Opel за одржлива индивидуална мобилност.

„Opel Experimental овозможува перспектива за претстојните модели и технологии, за идниот дизајн, дури и за новата ера и иднината на брендот. Овој неверојатен концепт автомобил, претставува водечко светло и уште еднаш го покажува пионерскиот дух на Opel“, изјави Извршниот директор на Opel, Florian Huettl.

„Нашиот нов Opel Experimental дава поекстремна интерпретација на нашата смела и елегантна дизајнерска филозофија. Тоа ѝ дава облик на нашата визија за иднината. Многу од елементите на неговиот дизајн и начинот на размислување зад него, ќе бидат видливи во идните возила од сериско производство. Надворешниот дизајн обезбедува оптимизирани аеродинамични перформанси во комбинација со неверојатна силуета, додека внатрешноста овозможува извонредно и емотивно корисничко искуство“, додаде Mark Adams, Потпретседател за дизајн.

Една од најпривлечните работи на елегантната силуета кај Opel Experimental е отсуството на хром. Наместо тоа, додавањето на надворешно осветлување и смелите контрастни графики, го истакнуваат карактерот и софистицираноста на веќе импресивните пропорции. Севкупно,

ефикасниот електричен кросовер се базира на најсовремена платформа Stellantis BEV, а исто така е опремен со електричен погон на сите тркала. Драматичниот заострен профил има смел и впечатлив дизајн со елегантна површина за подобрување на неговото неверојатно присуство. Дури и традиционалните крилни ретровизори отворија место за целосно интегрирани камери од 180 степени на C-столбовите, додека острите, спортските лакови на тркалата го нагласуваат самоуверениот став.

Напред, новиот осветлен Opel Blitz гордо е сместен во центарот на препознатливиот Opel Compass, водечки елемент на дизајнерската филозофија на Opel. Тој е опкружен со светлосниот потпис на издолженото крило на хоризонталната оска, додека осветлениот средишен набор додава дополнителна возбуда. Ова потоа се повторува на задниот дел со препознатливото compass стоп светло создадено од технологијата за осветлување на рабовите и софистицираната стаклена транспарентност. Ова се комбинира со елегантно задебелени букви на Opel, наместо логото на Blitz одзади, за да го формира централниот елемент. Дел од предниот compass формира и најновата генерација на 4D Opel Vizor. Дополнителна димензија додаваат напредните технологии за видливост, вклучувајќи сензори, лидар, радар и камера.

Паметни решенија за аеро и просторна детоксикација

Совршено конструирана елегантна и беспрекорно извиена силуета кај Opel Experimental. Овој концепт автомобил овозможува и паметни и оптимизирани аеро решенија. Аеро-клапите напред и назад ја зголемуваат аеродинамичната ефикасност како и задниот дифузер. Се проширува или се повлекува во зависност од ситуација при возење. Пневматиците развиени во соработка со Goodyear се направени од рециклирана гума и се сместени на 3-зонски тркала Ronal за уште повеќе да се зголеми аеродинамичната ефикасност.

Додека надворешните димензии го ставаат Opel Experimental во компактниот C-сегмент, внатрешноста може да се пофали со просторност од D сегментот. Ова е овозможено со ослободувањето на просторот (детоксикација на просторот) во Opel Experimental. Управувачот неприметно се преклопува и истото е овозможено со системот steer-by-wire, кој дополнително ја намалува тежината со елиминирање на механичките компоненти на управувачот. Лесните адаптивни седишта комбинираат витка, но издржлива структура со ткаенини со 3D мрежна технологија. Тие обезбедуваат извонреден комфор за седење на кој клиентите се навикнаа од

возилата на Opel, а истовремено придонесуваат дополнително за ослободување на просторот во концептниот автомобил.

Чисто искуство, Pure Pad – чисто задоволство

Пристапот за детоксикација продолжува со Pure Experience. Возачите можат да ги персонализираат информациите според нивните потреби на тенкиот Tech Bridge, нова интерпретација на Pure Panel-от кој може да се види во сегашните модели на Opel. Наместо конвенционалните екрани, информациите или содржината за забава се претставени со помош на технологија за зголемена проекција поддржана од вештачка интелигенција и природна гласовна контрола.

Лебдечкиот, транспарентен Pure Pad се наоѓа пред предниот потпирач за раце. Може да се конфигурира според личните преференции на возачот, со што се овозможува моментален пристап до најчесто користените контроли.

Иако Opel Experimental ги отелотворува основните постулати на брендот Opel: Detox (детокс), Modern German (модерен германски дух) и Greenovation, исто така прави чекор напред во изразувањето на емотивниот пристап на брендот кон одржлива мобилност. Електрохромните ткаенини им овозможуваат на патниците светла атмосфера во кабината што создава совршена средина на спокојство. Покрај тоа, реактивните ткаенини можат да ги подобрат функционалните атрибути. На пример, кога возило влегува во слепа точка, се појавува предупредување на соодветниот ретровизор на вратата, како и на предниот екран, со што се обезбедува дополнителна безбедност за патниците и другите учесници во сообраќајот.

Со својот фокус и прикажување на јасната визија за брендот, Opel Experimental ја продолжува долгата и успешна традиција на концептните автомобили „направени во Rüsselsheim“, традиција која започна во 1965 година кога Opel стана првиот европски бренд кој презентираше дизајнерска студија во форма на легендарниот Experimental GT.

Opel.mk

За ЕУРОИМПЕКС:
Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили. Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.

(ПР)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK