Средба на министерот Серафимовски со австрискиот амбасадор Памер


pam-3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната.


„Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. Целта ни е соработката да ја продлабочиме и развиеме преку посилни институционални и деловни врски, размена на експертиза и конкретни можности за македонските земјоделци и компании“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски и амбасадорот Памер ја нагласија потребата од поголема соработка меѓу надлежните институции, стопанските комори и земјоделските организации, како и од поттикнување на трговската размена и инвестициите во агропрехранбениот сектор и преработувачката индустрија. Во разговорот беше даден фокус и на развој на можностите за промоција на македонските земјоделски и прехранбени производи, како и извоз на македонските вина на австрискиот пазар.

На средбата стана збор и за поддршката што Австрија ја дава на евроинтегративниот процес на Северна Македонија во областа на земјоделството и руралниот развој. Посебно беше нагласено значењето на размената на знаења и експертиза во делот на шумарството и промоцијата на агротуризмот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK