СПМ изрази сочувство за смртта на Дарко Димовски

darko dimovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) вечерва преку соопштение изрази „длабоко жалење за предвременото заминување“ на претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

– Преку неговото несебично работење, Дарко Димовски го памтиме како смел, принципиелен и жесток борец за работничките права. Димовски беше активно вклучен во општествениот живот и во претставувањето на работниците за што целосно ја имаше нивната доверба и поддршка, се наведува во соопштението на СПМ.


Социјалистичката партија на Македонија додава дека изразува длабоко сочувство до неговите најблиски, до членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија и до македонските работници.

Димовски, кој почина на 45-годишна возраст по кратко боледување, ќе биде погребан утре во 13 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK