Соработка со Банката на Португалија како дел од Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан насочена кон понатамошно усогласување со барањата за известување до европските институции

centralna-banka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан, двајца експерти од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја искористија можноста да стажираат во Банката на Португалија (БП), од 1 до 7 јуни 2023 година. Главната цел беше да се продлабочи знаењето на експертите од НБРСМ за понатамошен развој на тековниот проект за спроведување интегриран систем за известување податоци од банките (ИСИДОРА), за статистички и супервизорски цели.

Стажирањето опфати три области на работа, коишто се однесуваат на практиките на изготвување податоци во областа на статистиката, банкарската супервизија и информатичкиот систем и технологија. Темите за кои се разговараше вклучуваа: организација на прибирањето податоци, изготвување, анализа, споделување и доставување податоци коишто се однесуваат на статистичкото (биланси и каматни стапки на монетарните финансиски институции) и супервизорското известување; интегриран процес на управување со податоците и краток преглед на ИТ-системите и аналитичките алатки. Експертите од БП активно ги споделуваа своите знаења и најдобри иновативни практики, обезбедувајќи вредно искуство од прва рака, коешто ќе помогне во процесот на спроведување на новиот систем за известување во НБРСМ, со што ќе се обезбеди понатамошно усогласување со меѓународните методологии и барањата за известување на европските институции, како и развој на институционалниот капацитет во овој контекст.


Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на институционалниот капацитет на централните банки во Западен Балкан беше започната во септември 2022 година. Оваа тригодишна програма ја спроведува Бундесбанката, како нејзин координатор, во партнерство со деветнаесет централни банки од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и со Европската централна банка (ЕЦБ). Европската Унија (ЕУ) издвои 3 милиони евра за Програмата од нејзиниот инструмент за претпристапна помош (ИПА III).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK