По основ на раст на животни трошоци кои се објавени од Државен завод за статистика, Синдикатот на АД ЕСМ работи заедно со Управниот одбор на АД ЕСМ за дополнително зголемување на платата на сите вработени.
Разговорите со Управниот одбор се уште се во тек и се очекува зголемување на платата на сите вработени до крајот на оваа година.
Како и изминатите година и оваа се поднесе барање за исплата за регрес за годишен одмор за 2023 година во висина од 100% и истото беше реализирано, на секој вработен во АД ЕСМ му беше исплатен регрес за годишен одмор во висина од 100%, согласно Законот за работни односи.
Иако преговорите за покачување на платите се уште се во тек, сепак согласно досегашните разговори укажуваат дека набрзо ќе се постигне договор кој ќе биде во интерес и за добросостојба на сите вработени.
Врз основа на Програмата на Синдикалната организација на АД ЕСМ која се спроведува повеќе години наназад, во тесна соработка со Управниот одбор од една страна и Синдикатот од друга страна се постигнати следните резултати:
- Потпишување и почитување на Колективни договори на секои две години
- Јубилејна награда за 40 години работен стаж
- Ладен оброк за вработените кој беше укинат во минатиот период без надомест.
- Отворање на работничка менза во РЕК Битола за топол оброк без надомест.
- ХТЗ опрема за вработените во подружниците
- Исплата на регрес за годишен одмор во висина од 100 %
- Помош од финансиски средства за починат родител за секој вработен
- Зголемување на плата во висина од 5 %
- Зголемување на плата во висина од 2350 денари почнувајќи од април 2023 година
- Зголемување на плата за вработени со висока стручна спрема почнувајќи од април 2023 година
- Превентивни одмори во реномирани хотели за вработени во ЕСМ
- Редовна исплата на плата до 7 – ми во месецот
- Испратени се подготвени елаборати за признавање на бенифициран стаж до Министерство за труд и социјална политика
АД ЕСМ изминатиот период произведе рекордни MWh електрична енергија во последните 10 години благодарение на максималната ангажираност и професионална работа на сите вработени во компанијата, токму затоа Синдикалната организација на АД ЕСМ секогаш ќе стои зад сите вработени и ќе даде максимален ангажман за подобрување на условите и бенефициите на сите вработени.
Со почит,
АД Електрани на Северна Македонија