Шкријељ: Го штитиме стандардот на граѓаните

Шкријељ-Го-штитиме-стандардот-на-граѓаните.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грижата за сите граѓани и заштитата на стандардот е во фокусот на мерките и политиките на СДСМ, вели владејачката партија.


„Со новата мерка „гарантирана цена“ стотици основни прехранбени производи од пекарската, млечната и месната индустрија се намалени од 10% до 40%. Листата на производи е проширена и со пијалаците а со последните одлуки се намали и маржата за овошјето и зеленчукот. Сите овие мерки се надополнуваат и со намалување на увозните давачки за овошјето и зеленчукот и за дел од млечните производи со што цените се намалуваат и до 30%“, рече на прес конференција пратеничката Санела Шкријељ.

Според неа, ваквите мерки на СДСМ имаат и економски и социјален карактер.

Додава дека намалувањето на цените на храната го штити стандардот на граѓаните, особено на ранливите и обезбедува пристап по пониски цени на сите неопходни производи.

„Зголемувањето на платите и пензиите кои што со СДСМ растат во континуитет, се надополнуваат овие политики за подобрување на стандардот на граѓаните. Минималната плата која беше 8.000 денари до 2016 година, а во некои сектори и помала денес е 20.750 денари што е зголемување повеќе од двојно. Просечната плата којашто беше 22.000 денари денес е 37.000 денари, односно за 60% повеќе. Платите во одредени сектори се зголемени до 40%, како што е кај докторите специјалисти, 20% кај другите лекари, во образование споредбено со 2016 година платите се зголемени и над 50%“, заклучува Шкријељ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK