Се зголемуваат цените на горивата

Се-зголемуваат-цените-на-горивата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19.10.2023 година.


Од 25.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 47,174 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,675 ден/кг и сега ќе изнесува 47,174 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,245%, кај дизелот за 3,070%, кај екстра лесното масло за 3,007% и кај мазутот зголемувањето е за 1,656%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,147%

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK