Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

EVN (1)
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

28.03.2024, Штип: Со пуштање во употреба на новата трафостаница „Штип 1“ се поттикнува локалниот развој во штипскиот регион. На официјалниот старт со работа на трафостаницата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов.







„Задоволувањето на потребите на нашите корисници и сигурноста во снабдувањето се секогаш клучни фактори во креирањето на долгорочните цели на компанијата. Среќни сме што им овозможуваме на граѓаните на Штип уште поквалитетно снабдување со електрична енергија и ги поддржуваме нивните идеи за производство на електрична енергија од обновливи извори.“ изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер.

Во рамките на посетата беше разговарано за можностите за дополнителни инвестиции во дистрибутивната мрежа, а во интерес на локалниот развој.

Градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов изрази благодарност до компанијата и најави дека соработката меѓу општината и компанијата ќе продолжи и во иднина.

„Со одлична соработка достигнавме уште една значајна цел која контуинирано ќе служи за доброто на граѓаните. Со ова значително се подобрува квалитетот на живот, но и условите за водење бизнис и за инвестирање во зелена енергија што е во согласност со нашата Стратегија за енергетска ефикасност, а со која е предвидено употребата на обновлива енергија да се зголеми за 20%  до 2026 година.“ изјави г-дин Јорданов.

Последната надградба на трафостаницата „Штип 1“ им овозможува на постоечките корисници на штипскиот регион сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија и покрај приклучувањето во дистрибутивната мрежа на идните потрошувачи и потенцијалните производители од обновлива енергија. Оваа обемна инвестиција вредна 2 милиони евра директно го поттикнува и поддржува економскиот развој на околината на Штип, земајќи ја превид забрзаната динамика и зголемената заинтересираност на граѓаните за изградба на производствени капацитети од обновливи извори на енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK