Промовиран проектот „Клуч за сопствен бизнис“

proekt biznis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС денеска го промовира  проектот „Клуч за сопствен бизнис“  во чии рамки ќе се едуцираат 48 ученици, 26 женски и 22 машки во областа на декоративен дизајн и моден дизајн, а по завршување на обуката ќе можат самите да се вработат, информра Убавка Јаневска координатор на проектот од ФОКУС.

-Главна цел на проектот е намалување на невработеноста на младите во Општина Велес по завршување на средно општо образование, преку поттикнување самовработување како главна придобивка на целокупната локална заедница, потенцира Јаневска.


Таа информира дека првично планирале во обуката да се вклучат гимназијалци кои по разни основи не можат да се запишат на факултет, но се во преговори во проектот да се вклучат и  средношколци  од другите велешки училишта.Пријавувањето е во тек, а обуката ќе започне на крајот на септември и ќе трае 4 месеци.

Јаневска потеницира дека фокусот на проектот е насочен на Поддршка на младите за самовработување преку изучување на занаети.

Крајни корисници на проектот се бизнис заедницата на Велес која ќе се зголеми со експертиза од 48 сертифицирани занаетчии.

Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма  за локална демократија во Западен Балкан 2-ReLOaD2 која е финансирана од ЕУ, а ја имплементира Прграмата за развој на Обединетите нации УНДП,а проектот е кофинансиран од Општина Велес.

Воедно Младинскиот центар на Општина Велес ќе развие  Програми за занаети кои по завршување на проектот  ќе се користи како образовни  програми за идни заинтересирани ученици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK