Проф. д-р Георги Димитров, основач и претседател на Управниот одбор на Evrotrust Technologies: „ЕУ Дигиталниот паричник ќе им овозможи на граѓаните целосна безбедност и слобода без хартиени документи!“

NDP04655
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Проф. д-р Георги Димитров, основач и претседател на Управниот одбор на Evrotrust Technologies: „ЕУ Дигиталниот паричник ќе им овозможи на граѓаните целосна безбедност и слобода без хартиени документи!“

Конференцијата The Economist MeetUp оваа година ги истакна најновите трендови и иновации во финансискиот сектор, со посебен акцент на дигиталната трансформација, одржливиот развој и регулаторните промени. Клучните теми опфатија иновации како ЕУ Дигиталниот паричник, потребата од подигнување на финансиската писменост и иднината на банкарството во услови на глобални промени.


Еден од најзначајните акценти на конференцијата беше претставувањето на универзален дигитален паричник за севкупна идентификација паричник од страна на Проф. д-р Георги Димитров.

„ Големи промени доаѓаат и со новата ЕУ за дигитален паричник (EU Digital Wallet), кој ќе биде универзален инструмент за идентификација и потпишување документи на далечина. Оваа мобилна апликација ќе им овозможи на граѓаните да ги користат своите лични податоци без хартиени документи и со највисоко ниво на безбедност. Апликацијата овозможува внесување на сите ваши лични податоци, вклучувајќи професионални и образовни информации, податоци за возачка дозвола, доказ за неосудуваност и друго. Сите овие информации ќе бидат достапни со еден клик, како онлајн, така и офлајн, без потреба од физички документи, “ истакна тој.

„Овој дигитален паричник овозможува сигурен и автоматски пристап до податоците, што значи дека можете да преминувате граници без пасош и да вршите различни трансакции. Апликацијата е универзален инструмент што ќе мора да биде прифатен во сите земји на ЕУ, како и во вашата матична земја, каде ќе биде интегриран за различни намени, вклучувајќи плаќања. Оваа иновација претставува огромен чекор напред за ЕУ. Безбедносните стандарди за овој дигитален паричник се речиси целосно подготвени,“ објасни Димитров

„Оваа иновација ќе стапи на сила до март 2025 година, а до 2030 година се очекува 80% од граѓаните на ЕУ да ја користат,“ додаде Димитров, нагласувајќи дека Евротрaст активно работи на прилагодување на оваа алатка за македонските граѓани.

Во рамки на конференцијата, првиот панел „Дигитално банкарство и Fintech индустрија“, модериран од Киро Бурназовски, менаџер во Evrotrust, го нагласи значењето на дигитализацијата во трансформацијата на банкарството. Панелистите Билјана Мишиќ, извршна директорка на Iute Macedonia, и Милена Спасовска, раководител за платежни картички и дигитални канали во Капитал Банка АД, дискутираа за предизвиците и можностите на Buy Now, Pay Later (BNPL) моделот и интеграцијата на дигиталните паричници.

Разговорите ја истакнаа потребата од усогласеност со технолошките и правните стандарди, како и важноста од доверливи услуги за идниот успех на финансискиот сектор.

Конференцијата The Economist MeetUp уште еднаш докажа дека е централна платформа за анализа на најактуелните трендови и решенија што го обликуваат економскиот пејзаж.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK