Пристигна освежената Škoda Octavia

DSC_0004.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На македонскиот пазар пристигна освежената икона Octavia. Со повеќе од 7 милиони продадени единици, таа е убедливо најпродаваниот модел на марката. Нејзината четврта модерна генерација сега доби освежен изглед кој вклучува ревидирана решетка на Škoda и нови LED matrix светла од втората генерација. Сеопфатната стандардна опрема нуди функции како двозонски Climatronic систем или 10-инчен дигитален дисплеј.

Уделот на одржливи материјали во внатрешноста е зголемен. За уште понапредно искуство во автомобилот, четботот ChatGPT со вештачка интелигенција ќе биде интегриран во гласовниот асистент Laura подоцна во 2024 година. Дополнителните системи за безбедност и помош ја подобруваат активната и пасивната безбедност, а новата структура на опсегот обезбедува дополнителни опции за индивидуализација.

Нов момент на иконскиот модел на брендот

Освежувањето на четвртата модерна генерација на Octavia вклучува нов, надграден дизајн со обновени предни и задни браници и ажурирана маска на Škoda. Нови се и предните LED Matrix светла од втората генерација, подобрени LED задни светла со анимирани индикатори и нови дизајни на алуминиумски тркала.

Структурата на новата гама се состои од две нивоа на опременост – Essence и Selection на кој подоцна ќе се надополнат и Sportline и RS. Слично како и кај Новиот Kodiaq, се нудат повеќе дизајнерски селекции за внатрешноста – Studio и Loft како стандард и опционално достапните Lodge (текстил/еко-кожа), Lounge (Алкантара/еко-кожа) или врвните Suite Black/Cognac (перфорирана кожа во црна или коњак боја).

Покрај новите и одржливи материјали за седиштата, контролната табла и панелите на вратите, дигитален дисплеј од 10 инчи ќе биде стандарден на избраните варијанти на модели. Познатиот Virtual cocpit со подобрена функционалност и head-up дисплејот остануваат достапни. Двете верзии на дигиталната инструмент табла имаат преработена графика, како и инфозабавните дисплеи.

13-инчен инфозабавен централен дисплеј е достапен како опција за прв пат на Octavia, додека 10-инчниот инфозабавен дисплеј е вклучен како стандард. Подобрената Octavia сега има и телефонски интерфејс за безжично полнење и вентилација од 15 вати и четири USB-C порти за брзо полнење со моќност од 45 вати.

Гамата на мотори се состои од два бензински мотори 1.5 TSI, едниот со мануелен менувач а вториот со автоматски 7 степен DSG и блага хибридна технологија, како и два дизели 2.0 TDI. Моќноста се движи од 85 kW (115 КС) до 110 kW (150 КС). Подоцна кај верзијата Sportline ќе биде достапен и бензинскиот мотор 2.0 TSI со 150 kW (204 КС) додека топ верзијата RS ќе го добие моторот 2.0 TSI со 195 kW (265 КС).

Покрај тоа, Škoda Auto дополнително го прошири своето сеопфатно портфолио на активни и пасивни безбедносни карактеристики: новиот Асистент за препознавање за замор кај возачот (Driver Activity Alert) сега користи широк опсег на податоци и параметри за да го процени однесувањето на возачот. Дополнително, ажурираната Octavia доаѓа со до 8 воздушни перничиња во сериска опрема.

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK