А.Д Пелистерка: Понудата на Комерцијална Банка за откуп на акциите на Стопанска Банка АД Битола не е соодветна со вредноста на банката

logo_ready_pelisterka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како носители на 21.85% од акциите на Стопанска банка АД Битола, сакаме да укажеме на севкупната македонска јавност, но и на сите други помали акционери дека понудата од страна на Комерцијална банка од 3200 денари по акција е целосно несоодветна и не е ниту блиску до книговодствената вредност на акциите на банката утврдени со ревидираните финансии извештаи и тоа за 2022 година на 4789 денари, а за 2023 година на 4327 денари.

Оттаму сметаме дека финансиската кондиција на Стопанска банка АД Битола, е исклучително поволна и понудета вредност од страна на Комерција банка за откуп на акциите не ја дава реалната слика за моменталниот, но и за идниот потенцијал на банката.


Во јавно објавениот документ наречен „Проспект за преземање на Стопанска банка АД Битола“ се поместени извештаи од меѓународни ревизори кои само ги потврдуваат политиките на добро управување со Стопанска банка АД Битола, укажуваат на транспарентно и успешно работење во интерес на коминтентите и сите акционери. ВО истиот документ понудувачот, Комерцијална банка наведува дека ефектот за нив доколку ги купат сите акции на Стопанска банка АД Битола, ќе изнесува 440 милиони денари односно консолидираната добивка за 2025 со што и самите укажуваат дека реалната вредност на акциите во моментов е далеку над 4000 денари по акција.

Како квалификувани акционери исто така укажуваме дека доколку се отфрли понудата на Комерцијална банка, наредната 2025 е година во која исплатата на дивидента од добивка е сигурна за сите акционери во Стопанска банка АД Битола. Извештаите за биланс на состојбата како и оној за сеопфатна добивка само го потврдуваат ова сценарио.

Дополнително сметаме дека бројот на вработени во Стопанска банка АД Битола целосно е во согласност со деловните потреби за опслужување на сите клиенти и воопшто не сме согласни како квалификувани акционери дека по евентуалното преземање само дел од вработените би биле преземени, а мнозинството отпуштени. Ова едноставно не е прифатливо како за нас, така и за економијата на пелагонскиот регион и особено за градот Битола од каде што доаѓаат најголемиот дел наши вработени.

На крајот сакаме да потенцираме и да укажеме дека Стопанска банка АД Битола е по многу нешта најстабилната и најсигурната банка во Македонија имајќи во предвид дека најголемиот дел од пласманите се до државни обврсници.

Апелираме до помалите сопственици на хартии од вредност во Стопанска банка АД Битола при донесувањето на нивната одлука во однос на продажба на акциите да ги имаат во предвид укажувањата наведени погоре, со цел да донесат информирана конечна одлука пред истекот на рокот на дадената понуда на Комерцијална банка АД Скопје.

Исто така укажуваме до сите помалу акционери доколку се соочувате со одреден притисок или некоја форма на неетички комуникации кон вас, ве упатуваме да ни ги пријавите истите со цел да поднесеме како квалификувани акционери официјална пријава до Народна банка на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK