Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

halk_56544564654
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како што се приближува времето на празници и големиот број неработни денови,  многумина се подготвуваат да заминат на пат низ државата или во некоја од странските земји. Иако овој период е идеален за празнична авантура и истражување на различни возбудливи локации, за да се обезбеди непречено и пријатно патување, пожелно е што е можно подобро однапред да се подготвите за вашата претстојна авантура. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:

Планирајте однапред – Патувањата во време на празници често значат зголемена гужва и повисоки цени. Врз основа на вашето истражување, однапред резервирајте го сместувањето и превозот. Споредете ги цените, читајте рецензии и изберете ги опциите што им одговараат на вашите преференции и буџет.


Спакувајте лесен багаж – Спакувајте ги само најосновните работи за да избегнете носење на тежок багаж. Проверете ја временската прогноза за локацијата на која патувате и спакувајте се во склад со тоа.

Подгответе ги патните документи – Проверете ги условите за пасош и виза за вашата дестинација и погрижете се вашата патна исправа да важи најмалку шест месеци по планираниот датум на поаѓање. Направете копии од вашите патни документи и чувајте ги физичките и дигиталните копии на безбедно место.

Креирајте буџет – Воспоставете реален буџет за патување за да можете да ги одредите ограничувањата за трошење. Истражете ги просечните трошоци за вашата дестинација и соодветно распределете ги средствата, а бидете сигурни да вклучите и фонд за непредвидени трошоци. Секако, потребно е навреме да аплицирате и за платежна картичка, која ќе ги задоволи сите ваши потреби и финансии за време на патувањето.

Идеален придружник на вакви патувања е кредитната платежна картичка Visa Travel на Халкбанк, која нуди низа бенефиции за време на патувањето и особено е наменета за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил.

Картичката се карактеризира со: кредитен лимит до максимум 300.000 денари во зависност од кредитоспособноста, до пет плати вкупна кредитна изложеност по кредитни платежни картички, достапност на средствата 24/7 преку АТМ или преку домашната и меѓународната мрежа на ПОС терминали кои овозможуваат плаќање со Visa картички и минимален месечен износ за враќање на средства од 3%, кој понатаму може повторно да се користи.

Со Visa Travel корисникот добива бенефиции како Халк Асистенција на пат од Халк Осигурување АД Скопје, бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк Осигурување АД Скопје. На корисникот му следува и пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.

Корисникот на Visa Travel картичката може да ги ужива и поволностите како плаќање на рати без камата и собирање бонус поени кај одредени трговци  и користење на истите при секојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје.

Покрај тоа, доколку со Visa Travel картичката се направи резервација на Booking.com преку линкот наведен на веб страната на Халкбанк АД Скопје, 60 дена по  успешно реализираниот престој,  4% од платениот износ ќе биде рефундиран на трансакциската сметка која е поврзана со картичката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK