Патничко осигурување: Колку чини еден безгрижен одмор?

patnicko
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секоја година, со нетрпение ги чекаме летните месеци за да отидеме на плажа со семејството и да заборавиме на грижите од секојдневието, од работа и од дома. Ама за вистински да се опуштиме и да бидеме мирни, мора да знаеме дека ги имаме штиклирано сите ставки на листата за „добри патувања“. Традиционално, покрај резервирањето на билети и соодветно сместување, секогаш високо на листата на приоритети е полисата за патничко осигурување, која за мене и моето семејство е практично задолжителна за секое напуштање на земјата.

Не сфаќате колку ви е потребно патничкото осигурување, се’ додека не се најдете во првата ситуација кога ќе ја дознаете неговата вистинска важност. Таков беше случајот и со мене и моето семејство, кога го загубивме багажот патувајќи со авион до Истанбул – паника, стрес и нервоза доаѓаа во следните непроспиени ноќи, а од одморот не видовме практично ништо… До крајот на одморот, сите четворица мислевме на последиците и немавме време да уживаме во одморот.


Единствената добра работа што излезе од оваа ситуација е што ја научивме лекцијата и оттогаш не ни помислуваме да тргнеме на патување без претходно да купиме полиса за патничко осигурување.

Понекогаш може да се случи авионот да доцни или пак летот да биде откажан… но проблемите и не мора да се толку големи, може да се работи едноставно за губење на патните документи или пак кражба на багажот планиран за патувањето. Каква и да е непредвидената ситуација, може да резултира во нервоза и стрес, па дури и да го уништи патувањето. Сигурно повеќе би сакале да имате мирен ум кога се овие работи во прашање, нели?

Изминативе 12 години на патувањата со моето семејство ни се случија секакви работи, но поучени од искуството првиот пат, повеќе не ја направивме истата грешка. Ниедна полиса нема да направи да бидете сигурни дека апсолутно ништо нема да се случи, но дефинитивно ќе направи да се чувствувате побезбедно на самото патување.

Најдобриот совет кој може да ви го даде некој во врска со семејството е: „Инвестирај во себе и во она што е твое“. Ова е важно секој ден, но особено во деновите резервирани за забава и опуштање, какви што се летните месеци – кога добиваме можност да бидеме сите заедно. Пред да ги спакувате сите работи во куферот за патување, не заборавајте да ја набавите вашата полиса за патничко осигурување. Бидејќи мирниот ум значи и мирен одмор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK