Пад на цените на нафтата и раст на берзите по договорот меѓу САД и Иран


nafta-depositphotos_11899752_l.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Глобалните цени на нафтата нагло паднаа, а берзите пораснаа откако САД и Иран постигнаа условен двонеделен договор за прекин на огнот и повторно отворање на Ормускиот теснец, пренесе „Би-Би-Си“.


Цената на „брент“ нафтата падна за околу 13% на 94,8 долари по барел, додека американската нафта се намали за повеќе од 15%. Сепак, цените остануваат повисоки од периодот пред конфликтот.

Пазарите реагираа позитивно – берзите во Азија забележаа значителен раст, особено во Јапонија и Јужна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави пауза во нападите врз Иран од две недели, под услов да се обезбеди безбедно отворање на теснецот.

Иако се очекува делумно олеснување со продолжување на транспортот на нафта, експертите предупредуваат дека целосно стабилизирање на пазарот ќе бара повеќе време.

Штетите врз енергетската инфраструктура се големи и обновата може да трае со месеци или години, со трошоци над 25 милијарди долари.

Најпогодени се азиските земји зависни од увоз на енергенси, додека авио-компаниите веќе ги зголемија цените поради поскапото гориво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK