Од иновативна идеја до бизнис, предизвикај се на Startup Weekend Social Innovation Skopje 2024!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од креативниот свет на иновации до врвно менторство, Techstars Startup Weekend Social Innovation Skopje 2024 е идеалната можност за да ја остварите вашата претприемачка визија. Остануваат уште само 2 недели до 13-тото издание на Startup Weekend Skopje кое ќе се одржи од 1-ви до 3-ти ноември во централната експозитура на ProCredit Banka Skopje.

Сѐ уште се прашувате зошто да се пријавите за учество Startup Weekend Skopje 2024?



Во само 54 часа вашата идеја ќе се претвори во потенцијално успешен бизнис, ќе стекнете знаење и искуство за да ја започнете вашата претприемачка кариера, а воедно ќе дојдете до нови познанства, ќе дознаете мотивирачки прикази и секако ќе се забавувате.

Што велат учесниците за искуството на Startup Weekend Skopje?

Марија Дисоска: „Како учесник и лански добитник на првото место, од мое лично име и името на мојот тим можам со сигурност да потврдам дека целокупното искуство е priceless! Ако треба да се опишат енергијата и ентузијазмот, прекватитетното кафе и храна, па сѐ до конекциите и поддршката кои преовладуваат во текот на трите дена, тоа несомнено би било: lifetime experience! Ќ

Темата оваа година е „Social Innovation’ и ќе ги предизвика учесниците да размислуваат надвор од вообичаените рамки со цел да изнајдат иновативни решенија за најголемите социјални предизвици со кои се соочува нашето општество. За три дена, тимови од креативци, програмери, дизајнери и млади претприемачи ќе работат заедно, инспирирани од идејата дека нивната идеја може да има директно влијание на општеството.

Учеството на Startup Weekend Skopje претставува одлична можност за младите професионалци и стартап ентузијасти да ги развијат своите идеи со социјален импакт и да се вмрежат во широка заедница на експерти и визионери.

Бидете дел од настанот организиран од Techstars Startup Weekend.

Не чекај, набави си карта, 80% се веќе распродадени, останаа уште неколку слободни места за твојата иновативна идеја!

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK