Нова епизода на „Што го врти светот?“ вечерва со Јована и Маја Марковска

Нова-епизода-на-„Што-го-врти-светот-вечерва-со-Јована.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес во 20 часот ќе се емитува нова епизода на поткастот „Што го врти светот?“


Познато лице на ТВ, сакана фигура од „Фчерашни новости“ и извршна директорка на една од најстарите еколошки организации во регионот, Маја Марковска продолжува да инспирира многумина со нејзиниот одржлив начин на живот и непоколеблива посветеност на зачувување на животната средина. Маја, го замени брзиот градски живот со чиста еколошка селска средина, а преку разговор со Јована ќе ги сподели нејзините ставови за итна потреба од усвојување на зелени иницијативи и начини за ограничување на неоправданите навики на некои јавни личности кои оставаат голем јаглероден отпечаток.

За време на разговорот ќе се дискутира за тоа:

Кои професии се зелени и дали ги има во Македонија?
Како да заработиме еколошки?
Како можеме позитивно да придонесеме за околината како поединци и како заедница?

Не пропуштајте го овој интересен разговор и не заборавајте да се вклучите на:

Спотифај денеска во 20:00 часот.

Ајде да истражиме како можеме да направиме светот да се врти во хармонија со природата!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK