Нов тандем портпароли на Стопанската комора Северна Македонија

stopanska-komora
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од активностите за трансформација во Комора на иднината, насочена кон обезбедување на целосна поддршка на компаниите во нивното работење, именуваше нов тандем на портпароли на Комората – м-р Сања Николова и Влатко Стојановски, експерти со долгогодишен стаж и професионално искуство во Комората.







Портпаролите на Комората ќе бидат на континуирано располагање на јавноста, за дисеминација на ставовите на Комората по сите прашања поврзани со економскиот развој на државата, унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и поттикнување на конкурентноста на компаниите-членки на Комората.

М-р Сања Николова својата професионална кариера ја започнува во приватниот сектор, а во 2013 година станува дел од тимот на Стопанската комора на Северна Македонија.

Како дел од стручната служба, во своето 11 годишно работно искуство во Комората,  задолжена е за повеќе работни позиции, изградувајќи се на највисоко професионлано ниво, работејќи во делот на активностите за меѓународна соработка, ЕЕН- Европската мрежа на претприемачи, имплементација на проектни активности во рамки на Стопанската комора, организација и планирање на јавни настани како што се форуми, конференции, билатерлани настани и сл., координирање на протоколарни активности на претседателот на Комората како и  комуникација со медиумите. Покрај тоа, активно е вклучена и во координација на проектните активности на Коморскиот инвестициски форум- КИФ за поврзување на домашните компании со компаниите од регионот и Европската Унија.

Во 2008 година дипломира на смерот бизнис администрација на „CITY Liberal Studies- Affiliated Institution of the University of Sheffield“ во Солун, Р. Грција. Во 2010 година ги завршува постдипломските студии на „Webster“ Универзитетот во Виена, Австрија и се стекнува со титулата магистер по маркетинг.

М-р Сања Николова

Портпарол на Стопанската комора на Северна Македонија

Влатко Стојановски e дипломиран Професор по италијански јазик и книжевност (2002) на Филолошкиот  Факултет ,,Блаже конески” во Скопје.

Осумнаесетгодишното работно искуство како дел од тимот на Стопанската комора на различни работни позиции го започнува како соработник во Дирекцијата за меѓународна соработка. Во изминатиот период е задолжен за координација на Здружението на финансиски организации од неговото формирање во 2019 година, Групацијата на осигурителни друштва,  Групацијата на финансиски друштва , Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва, како и Клубот на извозници при Комората. Повеќе години е вклучен во работата на проектот –„Европската мрежа за бизнис можности – ЕЕН“.

Од 2014- 2024 година успешно ја координира работата Советот на странски инвеститори и Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство како организациони форми при Комората кои имаат активно учество во процесите за унапредување на условите за водење на бизнис за странските инвеститори присутни во земјава.

Автор на две печатени изданија „Бела Книга“ за потребите на Советот на странски инвеститори, автор на специјализирани текстови во економскиот магазин „Економија и бизнис“. Во текот на 2024 година станува координатор за реализација на годишната програма на Асоцијацијата на балкански комори, член во Тематската група за интернационализација во рамките на Коморскиот инвестиционен форум (КИФ). Говори македонски јазик (мајчин), англиски, италијански, српски и хрватски јазик.

Влатко Стојановски

Портпарол на Стопанската комора на Северна Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK