Целосно дигитален процес во секое време и од кое било место
НЛБ Банка овозможува онлајн ажурирање на сите лични податоци преку веб страницата на Банката. Оваа функционалност целосно ја елиминира потребата од посета на експозитура, обезбедувајќи брз и едноставен процес и максимална заштита на личните и банкарските податоци на клиентот. Постапката за онлајн ажурирање на личните податоци е овозможена со електронска идентификација на клиентот преку мобилната апликација OneID на КИБС.
За да изврши ажурирање на личните податоци со електронски идентитет, клиентот најнапред треба ја преземе мобилната апликација OneID и да креира свој профил за истата. Понатаму, преку веб страницата на Банката, клиентот ќе може да започне процес за ажурирање на податоците со внес на корисничко име и лозинка за најава, и потврда на својот дигитален идентитет во ОneID мобилната апликација. Онлајн ажурирањето на личните податоци е брза и едноставна постапка која може да се заврши за само неколку минути. (видео упатство за онлајн ажурирање на лични податоци)
„Како Банка, ние сме силно посветени на дигиталната трансформација и интензивно работиме на дигитализација на сите наши услуги, сè со цел на нашите клиенти да им овозможиме флексибилни и достапни банкарски решенија кои го адресираат, денес можеби за сите најважниот ресурс, времето. Истовремено, продолжуваме да ја нудиме услугата и во нашата мрежа на експозитури, почитувајќи го изборот и префенците на клиентите“- истакнуваат од НЛБ Банка.
Клиентите на НЛБ Банка со важечки документ за идентификација и досега можеа да ажурираат лични податоци брзо и безбедно преку апликацијата за мобилно банкарство, но по промена на документ за лична идентификација потребна беше посета на експозитура. Оваа дополнителна услуга значително ја олеснува постапката за ажурирање на сите лични податоци, овозможувајќи целосно дигитален процес од едно место – веб страницата на Банката, во кое било време и од кое било место.