– Повеќе од 100 милиони евра во следниот циклус ќе бидат инвестирани во нова логистичка инфраструктура и модерни технологии на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Замбија, објави Нелт Група на годишната прес-конференција.
Пред претставниците на медиумите се обратија Дарко Лукиќ, генерален директор на Нелт Група, Марко Цилиќ, извршен директор за финансии на Нелт Група, Соња Тодорова, потпретседателка за операции на брендовите на Нелт и Бојана Муциќ, извршна директорка за човечки ресурси на Нелт Група.
„Оваа година во Нелт беше одбележана со успешна транзиција на извршниот директор и организациска трансформација на Групата, како и фактот дека продолживме со забрзан раст на приходите и започнавме деловни операции на пазарот во Романија. Нелт Група оствари приход од 1,4 милијарди евра, што е зголемување за 8% во однос на минатата година“, потенцира Дарко Лукиќ, генерален директор на Нелт Група.
НАЈГОЛЕМ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС ВО ИСТОРИЈАТА НА НЕЛТ
Планираната инвестиција од 100 милиони евра, најголема во историјата на компанијата, ќе биде насочена кон проширување на постоечките капацитети, редизајн и оптимизирање на логистичката мрежа, и имплементација на роботизација и други автоматизирани решенија. Целта, меѓу другото, е централно-дистрибутивниот логистички центар во Добановци со интермодален терминал, преку оваа инвестиција дополнително да се профилира како регионален логистички hub, како и да се зголеми регионалната ефикасност во работењето со почитување на усвоените ESG стандарди.
ВЛЕЗ И ДЕЛОВНИ ОПЕРАЦИИ НА ПАЗАРОТ ВО РОМАНИЈА
Nelt Corp е нова компанија на Нелт Група на романскиот пазар, со седиште во Букурешт.
„Романскиот пазар, со население од 19 милиони и БДП од околу 330 милијарди долари, овозможува значителни деловни можности. Со оглед на нивото на развој на трговскиот сектор, Романија се наметна како атрактивна дестинација за новите деловни активности на Нелт во регионот. Унапредување на продажбата на производите на Nutrino и Nutrino Lab е примарна цел, додека долгорочниот план е проширување на портфолиото на брендови во дистрибуција и логистички услуги“, изјави Марко Цилиќ, извршен директор за финансии.
РАСТ НА ПРИХОДИТЕ И НА ПАЗАРОТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Компанијата НЕЛТ СТ, која работи во рамките на реномираната Нелт Група од 1998 година, продолжува од година во година да постигнува добри резултати. Во 2024 година остварен е пораст на приходите од еден процент во однос на минатата година.
ЛИДЕРИ ВО КАТЕГОРИИТЕ НА ДЕТСКА ХРАНА И МЕСНИ ПРЕРАБОТКИ
Брендовите на Нелт, БФФ Фабрика за детска храна и Неопланта ја зацврстија својата лидерска позиција во категориите на детска храна и месни преработки во кои делуваме. Бројните иновации и нови производи доведоа до значително зголемување на уделот на пазарот (БФФ Фабрика за детска храна 37%, Неопланта 14%). Исто така, има зголемување на вкупниот приход на двете компании (БФФ Фабрика за детска храна +25%, Неопланта +12%) во однос на 2023 година.
УНИЦЕФ И НЕЛТ – 1,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИТЕ СИСТЕМИ
Оваа година Нелт Група потпиша стратешко партнерство со УНИЦЕФ, во чии рамки ќе одвои 1,3 милиони американски долари во период од три години, за зајакнување на образовните системи во Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Ангола. Оваа иницијатива ќе им овозможи на околу 30.000 ученици, вклучително и 1.000 од најзагрозените групи, да стекнат дигитални и зелени вештини неопходни за пазарот на трудот во 21 век.