Најмоќните AI алатки кои мораш да ги знаеш, разговор со Дарко Јаневски | Фриленсерска дружба


start-up_4345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ја започнавме втората сезона на поткастот Фриленсерска дружба, и во првата епизода детално влегуваме во светот на вештачката интелигенција. Разговараме со Дарко Јаневски, човек кој повеќе од 12 години работи во онлајн светот и има тестирано стотици дигитални алатки, бизнис модели и AI технологии.

Во епизодата зборуваме и за раните денови на AI, кога алатки како Jasper биле меѓу првите што ја правеле вештачката интелигенција достапна за маркетинг и креирање контент. Дарко објаснува како уште тогаш препознал дека AI ќе стане огромен дел од дигиталниот свет.


Потоа навлегуваме подлабоко во најмоќните AI модели што се користат денес. Дарко споделува зошто неговата „go-to“ платформа е Claude, како се споредува со ChatGPT и Gemini, и каде секој од овие модели има најголема предност, од креативна работа, до кодирање и напредни апликации.

Во разговорот ја отвораме и темата што станува сè поважна:
👉 колку навистина можеме да му веруваме на интернетот кога AI содржината станува речиси невозможно да се препознае?

Дарко споделува и практични алатки што ги користи секојдневно, од автоматизации со Make, до бази и системи со Airtable, како и платформи како Fal.ai каде што можеш да тестираш десетици AI модели без да плаќаш повеќе различни претплати.

Оваа епизода е одлична за сите што сакаат да разберат:
• како изгледа кариера во дигиталниот свет
• кои AI алатки навистина вредат да се користат
• како автоматизацијата ќе го промени начинот на кој работиме
• и зошто критичкото размислување на интернет станува поважно од кога било.

Дарко исто така споделува свое искуство од Startup Revolution AI Summit во Скопје, настан кој го позиционира Скопје на мапата на AI и стартап екосистемот во регионот, поврзувајќи основачи, инвеститори и технолошки лидери околу иднината на вештачката интелигенција.

🎧 Поткастот е креиран од Startup Club Скопје, во поддршка од ProCredit Bank, а целата епизода можете да ја гледате ТУКА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK