МЗШВ до младите земјоделци: Во тек е јавниот повик за поддршка во започнување на земјоделска дејност

МЗШВ-до-младите-земјоделци-Во-тек-е-јавниот-повик-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува младите земјоделци дека до 15 октомври е активен јавниот повик за мерката 112 од програмата за Рурален развој за 2023 година, за поддршка на млад земјоделец, распишан од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР.


Мерката 112 – се однесува на помош на младите земјоделци за започнување на земјоделска дејност со финансиска поддршка до 600.000 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник.

Средствата од финасиската поддршка се наменети за инвестиции во набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.

Максималната вредност на финансиска поддршка по корисник за мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.

Како корисници на мерката се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.

Поддршката за оваа мерка, за прв пат од оваа година, започнува да се исплаќа авасно, веднаш по потпишувањето на договорот, во висина до 40% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци

Напоменуваат дека во овој јавен повик како прифатлив трошок не се земаат набавката на трактор и приклучна механизација.

Барањата за аплицирање се поднесуваат по електронски пат, по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Крајниот рок за доставување на барањата е 15.10.2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK