Владата ќе направи сé што може да им помогне на бизнисите чие производство е наменето за извоз, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во работа на новата фабрика на „Винчини“ за производство на вафли, вредна 8,5 милиони евра.
„Јас би сакал да кажам дека сум исклучително импресиониран за тоа што од еден скромен семеен бизнис ‘Винчини’, односно ‘Макрпогрес’ во случајов, прераснува во, би рекол, регионален гигант. Со промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата навистина претставува еден од фундаментите, од темелите на македонската кондиторска индустрија. Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство е практично производство наменето за извоз“, рече Мицкоски и додаде дека „Макпрогрес“, дали директно преку својот бренд „Винчини“ или како приватен бренд, произведува веќе и 80 проценти од своето производство го дава за извоз.