Мицкоски: Грчевито се бориме да нема покачување на струјата, но ако мора еве нека биде во третиот и четвртиот блок

mickoski-trafostanica-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата ќе се бори да не дојде до покачување на струјата ниту за најавените до три проценти по Нова година. Премиерот Христијан Мицкоски денес на поставувањето камен – темелник за нова градинка во Расадник, Кисела Вода, одговарајќи на новинарски прашање рече дека доколку мора, покачување ќе има но само во поскапите блокови.


„Ќе направиме се за да ја оптимизираме и да нема покачување на цената на електричната енергија ниту до тие три проценти. Ако мора, еве да се покачи во некој од блоковите оние повисоките, третиот и четвртиот. Можеби таму би имало некакво интервенирање. Тоа го правиме затоа што навистина сакаме на граѓаните да не им го отежнуваме и онака тешкиот живот. Замислете ние ако постапуваме неодговорно и не се бориме и да ги покачиме сметките 20-30 проценти се ќе поскапи. Замислете каков шок ќе биде тоа во делот на инфлацијата. Ќе се бориме до последно да ги нема и тие до три проценти. Тоа е максимумот што може да се случи во третиот и четвртиот блок, а во првиот и вториот да нема никакво покачување каде што се најголемиот број од потрошувачите“, рече премиерот Мицкоски.

Објасни дека е изводливо да нема поскапување на струјата оти успеале да ги намалат трошоците за 15-20 проценти на старите долгови оти побарале и добиле попуст, а новите тендери биле 15-20 проценти поевтини од оние порано со што успеале да до оптимизираат и производното и приходното портфолио. Каде оделе тие 15-20 проценти досега премиерот Мицкоски вели дека точно се знае, а наскоро и јавноста ќе дознае.

„Тоа што го наследивме во енергетиката е апокалиптична ситуација. Колку што сум информиран и Финансиската полиција и МВР и други институции се занимаваат со тоа што се правело во годините наназад. Многу скоро од денеска ќе се излезе со јасни информации“, рече премиерот Мицкоски.

Драматичен пораст на цената на струјата не очекува ниту претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, оти цената на електричната енергија е стабилизирана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK