Министерството за финансии ја информира јавноста дека во најкус можен рок ќе бидат ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“.
Имено, надлежниот сектор од Министерството за финансии заедно со економскиот оператор ангажиран за одржување на порталот работат на отстранување на техничкиот проблем којшто оневозможува пристап до податоците коишто се генерираат на порталот.
Податоците коишто се објавуваат преку порталот „Отворени финансии“ како алатка за транспареност и понатаму ќе бидат достапни за јавноста. Јавноста ќе може да пребарува информации за реализација на буџетот, одделно по институции и извршени трансакции.
Порталот е промовиран со цел зголемување на транспарентноста на трошењето на буџетските средства. Податоците се ажурираат редовно согласно утврдената динамика на објавување на одделните категории податоци, соопшти МФ.