Мемов: На 1-ви април исплатена е мартовската пензија


memov.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Најголемо покачување на пензиите во изминатите 20 години– од септември 2024 до март 2026 пораст на пензиите номинално за 7000 денари или раст за 36%. Во 2022 година имало 335.743 пензионери, додека заклучно со февруари 2026 бројот се зголеми на 347.296. За период од нецели две години, од септември 2024 до март 2026 година вкупното покачување на пензиите изнесува 7000 денари на месечно ниво или вкупно линеарно зголемување од 36%“, се наведува во соопштението на Никола Мемов, Директор на Фондот на ПИОМ.


„Во вкупната сума на пари што се користи за исплата на пензиите зголемувањето изнесува речиси 500 милиони евра повеќе во 2026 година во споредба со 2024 година.

Како пример, во септември 2024 година кога е исплатена пензијата за август, се исплатени 7.210.341.000 денари. За исплата на мартовската пензија 2026 година, вкупната исплата на пензиите е 9.65 милијарди денари, што е за 2.44 милијарди денари месечно повеќе во споредба со септември 2024 година.

Минималната пензија за периодот 2024-2026 година е зголемена за 61.75 %, додека просечната пензија е покачена за околу 40%.

Ова претставува најголемо покачување на пензиите во последните 20 години, кое е резултат на политиките насочени кон подобрување на животниот стандард на пензионерите.

Со ваквите мерки се покажува јасна грижа за највозрасните граѓани, а пензионерите стануваат еден од главните приоритети во социјалната политика.

Со континуираното зголемување на пензиите, оваа Влада испраќа порака дека стабилноста и грижата за пензионерите се темел на општествената одговорност и дека подобрувањето на нивниот стандард е клучен политички ефект за донесените економски и социјални одлуки“, се додава во соопштението на Никола Мемов, Директор на Фондот на ПИОМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK