Дали ви се случило да морате да издвоите голема сума на пари за поправки и други непредвидени трошоци во домот, независно дали неодамна сте купиле нов стан или пак во него живеете со години? Сте отишле на викенд низ земјава, а по само два дена да се вратите дома и да го најдете станот поплавен. Или пак пожарот кој се случил кај комшиите го зафатил и вашиот стан. За кражби и да не збориме колкава е веројатноста да се случат. Разните системи за заштита, видео камери, аларм системи и слично се одлична превентива, но не секогаш заштитуваат целосно.
Сите овие непосакувани и непредвидливи ситуации и трошоци би можеле да се избегнат со купување на Кроација полиса за домаќинско осигурување. Кога ќе се спореди трошокот на евентуалната штета во домот со износот кој треба да се уплати за домаќинско осигурување од околу 40 и 50 евра на годишно ниво, излегува дека осигурувањето е далеку подобра инвестиција. Заштитуваме нешто многу вредно (и повеќе од само материјално) со многу мал влог во домаќинско осигурување.
Не бидете едни од оние граѓани кои откако ќе им се опожари станот, кога ќе настане поплава, или ќе им се случи кражба, знаат да кажат “зошто не го осигурав домот” станувајќи свесни колку всушност домот им значи.
Кроација полисата за осигурување на домот е една од најприфатливите полиси за осигурување. Претставува мала инвестиција која ќе го заштити вашиот дом од загуби. Постојат неколку основни пакети зависно што се покрива. Важно е да ја изберете најдобрата полиса за осигурување според сопствените потреби и карактеристики на вашиот дом.