Македонските дипломати во Кина ќе помогнат на компаниите во нивните извозни активности

Zagorka - Kina 1.2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 28.10.2023 г – Бизнис делегацијата од нашата држава, при посетата во НР Кина одржа средба во македонската амбасада во Пекинг со амбасадорот Василе Андоноски за запознавање на актуелните состојби и потенцијали за соработка меѓу двете земји.

Амбасадорот Андоноски, истакна дека РС Македонија и НР Кина имаат пријателски односи и соработката помеќу двете земји трае долги години Во рамките на средбата се дискутираа глобалните, регионалните и локалните финансиски и економски текови, со посебен осврт на случувањата на македонскиот извоз и увоз на прехрамбени производи и виното како еден од приоритетните производи за кои има потенцијал и интерес за извоз од нашата држава.


Амбасадорот Андоноски, во неговата изјава по завршувањето на средбата изрази задоволство од средбата со бизнис делегацијата од нашите претставници и членови на Сојузот на Стопански комори и истакна дека ја дава својата поддршка за понатамошна соработка на бизнисите меѓу двете земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK