Лефков: Предлог буџетот за 2025 година има за цел да обезбеди економска консолидација и развој на Македонија

Миле-Лефков-14.11.2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков кој истакна дека овој предлог буџет е предложен во согласност со стратегиите за економски раст, за финансиска усогласеност и фискалната консолидација.


Тој нагласи дека предлог буџетот претставува предлог стратегија која има за цел да обезбеди стабилност, раст, прогрес, како и дека предлог буџетот претставува стратегија која треба да обезбеди намалување на буџетскиот дефицит, ефикасно прибирање средства но и ефикасно трошење.

„Треба да биде развоен и претставува развоен документ со соодветна социјална компонента. Важно е за еден буџет да имаме правилно проектирани, соодветно планирана приходна страна и соодветно планирана расходна страна. И како вовед добро е да се каже уште веднаш дека за следната фискална 2025 во предлог буџетот на страна на буџетски приходи е планирано да се постигне 358,8 милијарди денари наплата, која би значела приближно 13% раст во споредба со усвоениот ребаланс на буџетот за 2024 година и истиот би изнесувал 40,7 милијарди денари повеќе средства“ рече Лефков.

Тој истакна дека најголемата компонента на овој буџет е даночните приходи и придонеси да се зголемат од кои би се постигнала зголемена наплата на даночните приходи, и нагласи дека изминатата 2024 година била карактеризирана како година во која со институциите и со републичкиот буџет располагале три влади.

„Најголемата компонента е даночните приходи и придонеси се планира да се зголемат за 35 милијарди денари од кои би се постигнала зголемена наплата на даночни приходи за 23,1 милијарда денари во споредба со буџетското планирање од оваа година додека се очекува зголемено остварување по однос на социјални придонеси во износ од 11,9 милијарди денари. Изминатата 2024 ја карактеризираат како година во која со институциите и со републичкиот буџет располагаат три влади најпрвин владата која ги донесе најкатастрофалните економски резултати во историјата, владата која оствари огромен јавен долг и просечен економски раст од 1,2 и 1,3 проценти во годините додека управуваше со државниот буџет и со институциите, нејзиниот наследник техничката влада, и новоизбраната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, додаде Лефков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK