– Комерцијална банка со задоволство објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2024 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда по 11-ти пат ѝ беше доделена на Банката вчера вечер на свечената церемонија во Лондон, на која присуствуваше д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Наградата од The Banker уште еднаш ги потврди водечката улога на Комерцијална банка во финансискиот сектор во земјава, нејзините иновативни решенија и докажаната посветеност со кои за клиентите обезбедува врвни производи и услуги, а за целокупната економија значаен придонес што ги поттикнува развојот на бизнисот и претприемништвото.
Во чест на доделената награда, д-р Џамбазовски изрази голема благодарност до стручната комисија која ги препозна и награди силните финансиски перформанси и значајниот придонес на Комерцијална банка за напредокот на економијата во земјава.
„Привилегија е што повторно сме прогласени за Банката на годината од престижниот магазин The Banker, особено затоа што наградата доаѓа во пресрет на прославата на јубилејот од 70 години Комерцијална банка во 2025 година. И наградата и ова значајно достигнување ја одразуваат долгогодишната посветеност на Комерцијална банка на иновации, издржливост и фокусираност на клиентите. Во текот на оваа година бевме силно посветени на развој на стратегија која ќе ги задоволи растечките потреби на клиентите за извонредни дигитални и одржливи финансиски решенија“, изјави д-р Џамбазовски при свеченото примање на наградата во Лондон.
Наградата од The Banker, дел од групацијата на Financial Times, е стандард за извонредност во банкарската индустрија. The Banker со ова признание ги препознава банките-лидери во повеќе од 120 земји низ светот врз основа на клучниот критериум – подобрувања и новитети реализирани во тековната година со кои се издигнуваат над предизвиците.
Комерцијална банка е особено горда на наградата „Банка на годината“ затоа што таа е признание на континуирано високите стандарди за професионалност, ефикасност и одговорност, со кои Банката на клиентите им овозможува врвно корисничко задоволство. Оваа година Комерцијална банка ќе ја заврши со одлични финансиски резултати, збогатена понуда со врвни онлајн производи и значајна поддршка за заедницата со што го потврдува својот статус на лидер во банкарскиот сектор во Македонија.
Прославувајќи 70 години работење, во 2025 година Банката ќе се посвети на уште поголеми инвестиции во напредна технологија и одржливи финансиски решенија за задоволство на клиентите, акционерите и заедницата.