„Ја започнавме и ја завршивме изградбата на браната Конско, значаен капитален објект“, велат од СДСМ

brana-konsko-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДСМ ја започна и ја заврши изградбата на браната Конско, значаен капитален проект, важен за македонското земјоделство, за развој на севкупната економија, што ќе придонесе за зголемување не само на производството, туку и на извозот на земјоделски производи и храна. Оваа брана е најголемата инвестиција во водостопанската инфраструктура за земјоделство, значајна за наводнување на земјоделските површини во гевгелиско-валандовскиот регион како и за зголемено, квалитетно и конкурентно земјоделско производство“, вели СДСМ.


„Со браната Конско, се става крај на еден децениски предизвик, со што се отвора можноста за забрзан регионален развој на југоисточниот дел од државата.

Вредноста на инвестицијата за браната Конско е 40 милиони евра, сума која што е целосно обезбедена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со оваа брана се овозможува наводнување на нови 4.000 хектари нето земјоделски површини.

Нашата држава има идеални климатски почвени услови за развој на земјоделството, вредни земјоделци и тие заслужуваат во државата да се инвестира токму во вакви проекти.

Тоа во комбинација со развојните мерки е предуслов за развој на земјоделството, за претворање на оваа стопанска гранка во профитабилна и развојна компонента на економијата.

Цел на СДСМ е развиено земјоделство по европски стандарди, со европски субвенции кое им носи профит и е сигурен извор на егзистенција земјоделците“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK