Инвестирањето во 2026 ќе бара јасна стратегија и контролиран ризик“, рече Иван Ивановски на конференцијата „Инвестирањето во 2026“, организирана од Prime Class


prime_capital_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Со порака дека финансиската писменост, дисциплината и управувањето со ризик се темел на одржливо инвестирање, во Скопје се одржа годишната конференција на Prime Class под наслов „Инвестирањето во 2026“, која собра голем број членови на заедницата, млади инвеститори и професионалци од финансискиот сектор.

Настанот беше отворен со обраќање на Иван Ивановски, CEO и основач на Prime Class и ко-основач на Prime Capital by Adora, кој повика на одговорно и свесно инвестирање и на градење култура на долгорочно размислување, наместо следење на краткорочни трендови.


„Инвестирањето не е брза одлука и не е игра на среќа. Тоа е процес што бара знаење, структура, дисциплина и трпение. Ако не ги разбираме циклусите и бизнис моделите на компаниите во кои вложуваме, тогаш не инвестираме, туку шпекулираме,“ истакна Ивановски во своето обраќање.

Во текот на конференцијата беа презентирани повеќе перспективи за современото инвестирање, од професионално управување со капитал преку примерот на Prime Capital во САД, до разговор со Мелита Гугуловска, генерален директор на Сава Осигурување за инвестициски ризик и улогата на осигурувањето како стратегија за финансиска стабилност. Посебен акцент беше ставен и на примената на вештачката интелигенција во анализа на компании и оптимизација на ресурси, како алатка што веќе денес го менува начинот на носење инвестициски и бизнис одлуки.

Вториот дел од настанот беше посветен на резултатите на  Prime Class заедницата во 2025 година и на доделување награди на најуспешните студенти. Студентите со најголем раст на портфолио добија признание за дисциплина, континуитет и одлуки донесени во реални пазарни услови. Посебни благодарници добија и најактивните членови на Дискорд, кои секојдневно со своите совети, поддршка, анализи и коментари градат позитивна инвестициска култура во која сите членови учат од грешките на другите и се радуваат на заедничките успеси.

Кулминацијата на конференцијата беше keynote-презентацијата на Иван Ивановски „Топ 5 компании за 2026“, во која беа анализирани глобалните трендови што ќе го обликуваат пазарот во наредната година и критериумите според кои инвеститорите треба да ги препознаваат компаниите со долгорочен потенцијал.

„Нашата цел не е да им дадеме на луѓето листа што да купат, туку начин како да размислуваат. Кога ќе научите да ги читате трендовите и да ги разбирате бизнисите зад бројките, тогаш сте чекор поблиску до стабилно и зрело инвестирање,“ нагласи Ивановски.

Со конференцијата „Инвестирањето во 2026 година“,  Prime Class уште еднаш ја потврди својата мисија да придонесе кон унапредување на финансиската писменост и создавање поодговорна инвеститорска култура во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK