Халкбанк добитник на наградата “Исклучителни банкарски услуги – Maкедонија, 2024”

Excellence-in-Banking-Services-Macedonia-2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Global Brand Frontier ја прогласи Халбанк за најдобра во делот на исклучителни банкарски услуги во Македонија за 2024 година.


Оваа престижна награда во банкарскиот сектор ја потврди лидерската позиција на банката во делот на услуги, нови иновативни производи и дигитализацијата со што се поставуваат нови стандарди во банкарската индустрија во Македонија.

„Наградата е големо признание за нас, бидејќи врвната услуга, иновациите и новите производи како водечки на македонскиот пазар се препознаени од експертите во оваа индустрија. Ова е само дополнителен поттик да бидеме уште подобри и заедно со останатите во банкарскиот сектор да ги правиме услугите побрзи, подостапни и поефикасни за граѓаните во Македонија“, истакна Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Процесот на избор на најдобра банка во делот на исклучителни банкарски услуги е строг, а одлуката Халкбанк да биде прогласена за најдобра е донесена едногласно од страна на претставници од Global Brand Frontier Awards.

Минатиот месец, Халкбанк ја доби и наградата „STP AWARD 2023“ – за извонредност во испораката на комерцијални плаќања и трансфери на финансиски институции во текот на 2023 година.

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK