Грците атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија: ЕДС во трка да ги снабдува домаќинствата со струја, од Владата молк дали ќе ја фаворизира

struja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По тендерот за Чебрен и Галиште, грчките компании агресивно атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија. Владата треба да го избере универзалниот снабдувач, а пак, ЕДС чиј поранешен сопственик е Кочо Анѓушев, сега во грчка сопственост, влезе во трката. Веќе се шпекулира дека Владата ја фаворизира оваа компанија, со цел од игра да го исфрли „ЕВН Хоум“. За овие наводи испративме прашања до прес-службата на Владата, но нема одговор дали овие шпекулации се основани.

Доколку ЕДС биде избрана за универзален снабдувач, тоа ќе значи дека Македонија ќе го отстапи на Грците бизнисот со снабдување со струја на домаќинствата и малите потрошувачи. Аргументацијата за ваква одлука е дека ќе има зголемена конкуренција на пазарот, а цената ќе биде пониска. Но, се остава впечаток дека целта е навлегување во сите сегменти на енергетскиот сектор.


Во септември грчката фирма ППЦ – Архиродон ја доби концесијата за користење на водата на Црна Река во Северна Македонија, за производство на струја со изградба на хидроелектрични централи. Грчката фирма доставила најповолна понуда, велат од Владата.

Продолжете со читање на skopje1.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK