Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци

ASO
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Речиси шест милиони евра за пет месеци наплатиле граѓани од нивните полиси за осигурување живот со кои имале можност и за штедење на уплатените средства. За смртни случаи покриени со ризико осигурување компаниите исплатиле 613.000 евра, а за осигурување со инвестициска компонента во овој период се исплатени 640.000 евра







 Граѓаните наплатиле 443 милиони денари (над 7,2 мил.евра) од осигурување живот во првите пет месеци годинава, покажуваат официјалните податоци кои шесте компании за осигурување живот ги доставуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Во овој период над 2.500 граѓани добиле надомест за штетите кои биле покриени со полиси за осигурување живот издадени од пет компании за осигурување живот.

Најмногу средства во овој период се исплатени по полиси за осигурување живот со штедна компонента. Ова е најстариот производ на животно осигурување кој на нашиот осигурителен пазар се продава 20 години. Негова главна карактеристика е тоа што покрај осигурувањето живот нуди и штедење на вложените средства. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата за дадениот период. Во првите пет месеци годинава од ова осигурување граѓаните од компаниите за осигурување наплатиле 366 милиони денари (5,95 мил.евра). Во најголема мерка, во првите пет месеци, парите се исплатени на осигуреници на кои им завршил договорот за осигурување и ги добиле  нивните вложени средства зголемени за каматата.

На второ место според висината на исплатените средства во првите пет месеци, е осигурувањето со инвестициски компонента кое е популарно познато под називот „јунит линкд“ осигурување. Овој осигурителен продукт на граѓаните заедно со осигурување живот им овозможува и вложување на поголем дел од уплатените средства во удели на инвестициски фондови. Заради тоа што цените на уделите на инвестициските фондови зависат од светските берзи тие се подложни на промени. Токму таа карактеристика создава можност за пристојни па дури и солидни приноси од вложувањата, но носи и ризик кога паѓаат цените на берзите. Важно е да се знае дека со вложувањето во овој осигурителен продукт ризикот од вложувањето го носи осигуреникот. Со цел подобра информираност и поголема заштита на осигурениците АСО донесе правилник со кој дефинираше квантум на информации што мора да ги добијат осигурениците од продавачите на осигурување пред да одлучат да купат „јунит линкд“. Во првите пет месеци кај ова осигурување компаниите на осигуреници им исплатиле 39,35 милиони денари (640.000 евра).

Најмало учество во исплатените средства во овој период има осигурувањето без штедна компонента кои е популарно познато како ризико осигурување. Кај овој продукт осигуреникот го осигурува својот живот и доколку настане смрт во осигурениот период компанијата исплаќа осигурена сума на членови на негово семејство или на носители на правото на обештенување кои ги навел осигуреникот во својата полиса. Поради смрт на осигуреници во овој период компаните за осигурување живот исплатиле 37,7 милиони денари (613.000 евра) на нивни семејства или лица кои биле носители на правото на осигурување.

Повеќе податоци за состојбата на пазарот за осигурување живот се достапни на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/

За потребата од и значењето на осигурувањето живот повеќе може да научите на нашиот едукативен портал https://edukacija.aso.mk/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK