Германската делегација од Франкфурт и Хајделберг, се сретна со раководството на ХАЛКБАНК АД Скопје

halk_hidelberg_234424324
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Халк Банка АД Скопје, во присуство на претседател на Бордот на директори на Хајделберг Факултет во Скопје, проф. д-р Улрих Цајтел и делегацијата од Франкфуртскиот универзитет Провадис, претставуван од претседателката на УО, проф. д-р Уршула Ото и директорот за развој Лукас Рудериш, беше одржана официјална средба со Главниот извршен директор д-р Билал Суџубаш и членот на УО во банката, д-р Беркан Имери.







На средбата, од страна на германската делегација од Франкфурт и Хајделберг беше презентиран германскиот модел на високо образование, како одлична алатка за целокупниот успех на економијата во Германија. Имено, како што беше нагласено, една од најважните елементи на успехот на тамошната економија е вложувањето и развојот на млади кадри, веднаш после завршување на средното училиште. За таа цел, делегацијата од Германија, го презентираше начинот и стратегијата за работа во новата германска високообразовна установа Хајделберг Факултет во Скопје, како и условите за студирање во петтиот семестар во Франкфурт за сите идни и млади студенти – банкари, кои ќе бидат дел од наставата во првата генерација.

Имено, Хајделберг Факултет во Скопје беше акредитиран и признаен како нов партнер за изведување на додипломски германски студии. По што беше одобрена годишната програма на институтот за 2024 година и официјално основана новата образовна установа која има за цел, во годинава, да објави Конкурс за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), и тоа: Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти); и Податоци и компјутерски науки (30 студенти).

Раководството на банката изрази волја и интерес да биде дел од овој процес. Како што заклучија домаќините од раководството на банката – ХАЛКБАНК и институција со голема општествена одговорност и висока посветенот кон образовниот процес.

Како што беше кажано, овој модел е пример за успешност во германската економија. За таа цел, со основањето на Хајделберг Факултет во Скопје, за прв пат се создаваат реални можности за трансфер на нов начин на високо образование во македонскиот образовен систем, беше речено на крајот од страна на проф. д-р Цајтел.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK