Дали за 10 години ќе го поставуваме прашањето „се сеќавате ли кога луѓето пушеа цигари?
Имплементацијата на сите главни научни иновации, како што се алтернативите без чад, меѓу другото, бара време, а најголемиот предизвик за земјите е усвојувањето законски прописи. Затоа е важно да ја слушаме науката и законодавството да ги следи иновациите со исто темпо, бидејќи во спротивно времето потрошено станува – потрошено време, рече извршниот директор на Филип Морис Интернешнал, Јацек Олчак, на овогодинешната конференција Technovation, која традиционално се организира во научно-истражувачкиот центар во Нојшател, Швајцарија.
„Регулаторните одложувања во многу области, како што е јавното здравје, го одложуваат усвојувањето на иновациите. Ова го продолжува животот на цигарите и болестите поврзани со нив. Не треба да ги одложуваме или да ги отфрлиме можностите да прифатиме производи кои можат да ја намалат штетата“, рече Олчак.
Тој смета дека носителите на одлуки треба да го стават пушачот во центарот на проблемот и да се запрашаат што можеме да направиме за нив.
„IQOS ми го промени животот“ е реченица која често ја слушам бидејќи луѓето забележале подобрување во квалитетот на нивниот живот откако почнале да го користат. „Пушењето цигари му штети на нашето здравје, нè води до прерана смрт, а сега знаеме дека имаме производи кои значително ја менуваат таа статистика во позитивна смисла“, рече тој.
Тој додава дека е прилично фрустрирачки да се живее во општество кое не прифаќа иновации.
„Мораме да се „бориме против силите кои не влечат надолу“, наместо да читаме научни истражувања и да донесуваме заклучоци. Еден од моите колеги, мојот поранешен менаџер, ми кажа дека вистинската катастрофа доаѓа кога паметните луѓе почнуваат да зборуваат глупости. „Кога ќе слушнам дека IQOS е потполно ист како цигарата е исто како да кажете дека два плус два не се четири“, заклучи Олчак.
Усвојувањето на иновациите прави разлика
Зборувајќи за важноста на иновациите, потпретседателот за комуникации на Филип Морис Интернешнал, Томасо Ди Џовани, како пример го наведе безбедносниот појас за автомобили, кој бил измислен во 1959 година, а пронаоѓач бил Нилс Болин, шведски инженер кој работел за компанијата Волво. Тој го создаде безбедносниот појас кој стана стандарден во автомобилите ширум светот, но иако оваа иновација беше од големо значење, беа потребни приближно 10 до 20 години за таа да стане широко прифатена и безбедносниот појас да стане законски услов во повеќето земји.
„Иновациите сами по себе не се доволни, усвојувањето на иновациите е она што ја прави разликата“, истакна Ди Џовани, истакнувајќи дека светот без чад од тутун е сосема реален.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), се проценува дека во светот има околу 1,3 милијарди пушачи, а пушењето се уште е една од главните причинители на болести со фатален исход.
„Ако не пушите, не почнувајте. Ако пушите – престанете. Ако не можете да престанете – префрлете се на помалку штетни опции. Променете, затоа што денес имате наука, технологија, иновации, имате многу алтернативи, подобар избор, префрлете се на нив. Тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето здравје“, рече тој.
Во Јапонија, повеќе од 50 отсто од пушачите ги замениле цигарите со помалку штетен избор
Како што можеше да се слушне на конференцијата Technovation, најдобар пример за прифаќање иновации е Јапонија, каде повеќе од 50 проценти од пушачите веќе ги замениле стандардните цигари со производи без дим, поточно оние кои го загреваат тутунот наместо да го согоруваат. Таа голема промена се случи во последната деценија.
Василис Kацелис, претседател на Филип Морис Интернешнал за Источна Азија и Австралија, објасни дека, во согласност со овој раст, продажбата на традиционални цигари во Јапонија е намалена за повеќе од 50 проценти.
„По воведувањето на IQOS, видовме драматичен пад на распространетоста на пушењето. Достигнавме многу импресивна пресвртница во Токио“, рече Kацелис.
По Јапонија следат некои европски земји, Грција, Португалија, Италија, Полска, Чешка…
За 10 години ќе има земји каде цигарите ќе ги има само во музеи?
Оги Капетановиќ, претседател за развој на концептот „Heat not burn“, одговори на прашањето на учесниците на конференцијата за тоа како ја гледа иднината на тутунската индустрија за 10 години.
Тој вели дека често зборува за визијата да се замени секоја цигара, за сите пушачи кои не можат да престанат да ја користат, а тоа е она што ги води секој ден.
„Верувам дека за 10 години светот ќе изгледа многу поинаку. Ќе има маркети каде целосно ќе се прекине продажбата на цигари. И тоа е многу возбудлив свет и заедно се бориме за тој свет, за таа промена, каде што цигарите ќе припаѓаат во музеите“, рече Капетановиќ.
Затоа се клучни годините што ни претстојат, бидејќи ако за 10 години не го поставиме прашањето од насловот – кој ќе ја сноси одговорноста за залудно потрошената деценија?