Емисионите вредностите од Макстил се дваесет пати пониски од дозволените

znaminja_makstil_32423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вредностите на емисиите на цврсти честички од Макстил и во третиот квартал од годината покажаа минимални вредности кои се значително пониски од гранично дозволените. Во овој период според мерењата на двете мерни точки, каде се следат во континуитет, емисиите на цврсти честички се од три до дваесет  пати пониски од оние што се пропишани како гранично дозволени од Министерството за животна средина, а дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола, како и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

На мерна точка Оџак од филтер постројка каде граничната вредност е 20 микрограми на метар кубен, најниската вредност била измерена во месец август и изнесува 0,72 микрограм на метар кубен, а највисоката во месец јули и изнесува 1,11 микрограми на метар кубен (mg/Nm3). Мерењата за последните три месеци на мерна точка Оџак од пескара покажуваат дека најниската вредност на емисии е измерена во август и изнесува 7,19 микрограми на метар кубен, а највисоката е во септември 8,53 микрограми на метар кубен. Дозволената гранична вредност на оваа точка изнесува 30 микрограми на метар кубен.


Вредностите на емисиите од двата оџаци на Макстил се следат во континуитет за што компанијата редовно известува. Намалувањето на емисиите на цврсти честички од оџаците е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси со кои се контролира производството и е во согласност со компанискиот општествено одговорен однос кон заедницата за заштита на животната средина.

Во прилог на ова соопштение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички од двете мерни точки во периодот од јануари до септември 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK