Во последниве неколку години онлајн коцкањето зема се поголем замав. Тоа не ги изненадува луѓето кои се вклучени во оваа активност, со оглед на големите предности кои ги нуди оваа форма на забава во однос на коцкањето во традиционални, физички казина.
Од друга страна, зголемениот интерес за користење на онлајн казина поттикна голем број на измамници и криминалци кои пронаѓаат начини да ја злоупотребат нивната популарност. Тие обично создаваат лажни (scam) онлајн казина чија единствена цел е да извлечат пари од корисниците.
Не секој од овие сајтови функционира исто. Постојат чисто измамнички казино сајтови кои прибираат финансиски податоци од корисниците, а после извесно време почнуваат да ги злоупотребуваат истите. Исто така, има и онлајн казина кои функционираат како и нормалните сајтови без да ги злоупотребат вашите податоци, но бараат начини да не исплаќаат добивки на играчите.
Неколку начини ви стојат на располагање за да препознаете вакви жани онлајн казина. На пример, може да најдете специјализирани сајтови кои ќе ви помогнат да се зачлените во сигурни казина. На пример, со пребарување на kazino onlain Makedonija или слично, ќе најдете сајтови како onlinecasinomk.com/ со многу корисни информации.
Секако, добро е и самите да научите како да ги препознавате, па затоа го создадовме овој краток водич за вас.
Немаат лиценца
Не сите сајтови без лиценца се создадени за да ве измамат, но сите лажни онлајн казина немаат лиценца. Затоа, ако налетате на таков казино сајт, бидете исклучително внимателни. Всушност, најдобро е да го избегнете бидејќи постои голема веројатност да завршите како измамен играч.
Секое солидно онлајн казино има барем една лиценца од релевантна институција. Тоа е потврда од независно тело, најчесто создадено од одредена држава, која потврдува дека се работи за легитимен казино сајт.
Без разлика колку атрактивно изгледа понудата на една казино платформа, наш совет е да ја избегнете доколку не поседува лиценца.
Немаат податоци за сопственоста
Покрај немањето лиценца, лажните онлајн казина не споделуваат информации за нивната сопственост. Кога ќе ја отворите главната страница и ќе се упатите најдолу, тука вообичаено треба да ги најдете овие информации.
Со други зборови, во легално, легитимно онлајн казино, овие податоци се споделени јавно – кој е сопственикот и/или компанијата која го раководи сајтот, каде е регистрирана, која е адресата и каква лиценца поседува.
Лажните онлајн казина се нетранспарентни од едноставна причина што сакаат да ги прикријат сите траги кои подоцна би воделе кон барање нивна одговорност.
Нејасни и/или многу сложени правила и услови
Ова е уште еден едноставен начин да откриете измамничко казино. Секој сајт од овој вид има јасно утврдени правила и услови на користење кои се наоѓаат на почетната страна.
Во овој дел се утврдуваат различни работи како на пример начинот на кој се регистрирате и го верификувате вашиот идентитет. Или пак детали за тоа што е потребно за да ги повлечете вашите добивки, како да ги искористите бонусите, во кои случаи може сајтот да ја блокира вашата корисничка сметка и слично.
Целта на лажните онлајн казина е да ги направат правилата и условите премногу сложени или пак нејасни за корисниците, се со цел да ги злоупотребат нивните податоци или да не бидат исплатени.
Одложени исплати или нереализирање на исплатите во целост
За разлика од претходниот случај каде некои нечесни онлајн казина пробуваат да ги замрсат работите за да избегнат плаќања, постојат и сајтови каде исплатите се одложуваат или едноставно не се реализираат во целост.
Доколку имате работа со угледно онлајн казино, имате јасно одредени временски периоди кои му се потребни на сајтот да ги процесире вашите барања за исплата (вообичаено меѓу 1 и 7 работни денови).
Од друга страна, доколку искусите значителни временски одложувања на исплатата или се соочувате со необични пречки кога сакате да ги повлечете средствата (високи провизии, постојано барање за нови верификации итн.), тогаш веројатно се работи за лажно онлајн казино.
Нереални бонуси
Точно е дека секое онлајн казино има свои правила и услови кога станува збор за бонусите и промоциите кои ги нуди. Сепак, постојат одредени стандарди, особено во сумата која се доделува како бонус или бројот на бесплатни спинови, кои ретко кое онлајн казино ги преминува.
Да речеме, често имаме сајтови кои нудат бонус за добредојде од 100% аплициран на вашата прва уплата до 6,000 денари. Или слична понуда до 18,000 денари. Но доколку некој сајт нуди 180,000 денари, тогаш треба да се замислите, затоа што тој бонус е нелогичен и нереален.
Или пак доколку има бонус без депозит, тој вообичаено има мала вредност. Ако некој ви нуди бонус без депозит од 6,000 денари или повеќе, тогаш најверојатно е лажно онлајн казино.
Лош и нефункционален дизајн
Иако работите не треба да се судат само според нивниот изглед, во случајот со онлајн казината тие може да бидат доволно добар доказ дека се работи за лажни сајтови. Голем број на измамници немаат средства за да ги реализираат своите идеи, па се служат со застарени дизајни.
Легитимните онлајн казина вложуваат многу пари за нивните сајтови да изгледаат професионално и атрактивно. Исто така, тие се трудат, најдобро што можат, да им пружат играќко искуство без никакви проблеми на своите корисници.
Доколку сајтот изгледа како да е дизајниран пред две децении, има многу линкови кои не водат никаде, користи графика која не се користи од сериозни сајтови и во целина има непрофесионален изглед, тогаш можеби гледате во лажно онлајн казино. Избегнете го за секој случај, бидејќи имате многу добри атрактивни и сигурни опции.
ПР