Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

rudar_45353435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предвидувањата на водечките светски финансиски институции се далеку пооптимистични за земјите од регионот, отколку за Македонија. Според Светската банка, земјава годинава ќе испорача најнизок економски раст од 2.5 отсто. Кон дното кое е резервирано за Македонија, единствено блиску е Босна и Херцеговина со предвиден раст од 2,6%. Во останатите држави економскиот раст би изнесувал над три отсто, односно Косово со раст од 3,7 отсто, веднаш потоа е Србија со 3,5 отсто, а нешто помал раст се прогнозира за Црна Гора и Албанија, со 3,4% и 3,3%. Според Светска банка, Македонија и минатата година имала најнизок раст во регионот, а тоа се должи на нереализираниот извоз.







И Меѓународниот монетарен фонд забележува дека Македонија споредбено со регионот бележи најнизок раст, со висок буџетски дефицит и значителен јавен долг. Според ММФ, македонската економија годинава ќе порасне за 2,7%. Фондот смета дека фискалната консолидација ќе биде предизвик за новата влада. Во нивниот најнов Извештај се вели дека јавниот долг ја преминал границата од 62% од БДП, а заостанатите неплатени обврски остануваат високи, со ризик од натамошно зголемување.

Изминатиов период на светско ниво, кој беше одбележан со војни и пандемија, за македонската економија се покажа дека успева стабилно да се одржува извозот единствено во рударскиот сектор. Токму заради намалениот извоз на државно ниво Светската банка има ниски прогнози за растот на економијата во земјава за оваа година. Бројките на вкупниот извоз сепак, продолжува да ги крепи рударството.

продолжете со читање на a1on.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK